Јас сум Јасмина Атанасовска, оптичар со повеќе од 15 години работно искуство во областа на изработка и продажба на очила.
View Optic е мојата приказна, приказна во која што цело мое искуство заедно со врвната опрема е ставено во сервис на нашите клиенти.
Јас заедно со мојот тим направивме оптика за нашите клиенти да ја добијат најдобрата услуга бидејќи тие тоа го заслужуваат.
Кај нас ќе најдете широк избор на диоптриски, сончеви и прогресивни очила, како и рамки од врвни светски брендови.
Во ова време на совршена технологија не смееме да си дозволиме да го немаме најдоброто.
Продолжуваме да притискаме и да барам се повеќе прецизност од машините за режење на стакла, се подобро произведени стакла со максимална заштита, се подобри материјали за рамките да бидат поиздржливи и врвна прецизност во мерењето на диоптерот на окото.













Модерната технологија ни овозможува да изработуваме очила со многу висока прецизност, светскиот лидерот во производството на машини за режење на стакла Visionix ни го предложи нивниот најсилен модел Briot Couture.
Со оваа машина можеме да ги видиме очилата како ќе изгледаат пред да ги изрежиме стаклата.
Роботската рака за исчитување на формата на рамката во комбинација со ултра совршените камери го формираат 3D моделот на очилата, овој 3D модел продолжува на финално подесување од страна на оптичарот и така формираме совршени очила.
Нашиот изложбен салон е место каде стилот и технологијата се сретнуваат. Во пријатна и модерна атмосфера, можете да разгледате внимателно одбран избор на диоптриски и сончеви очила од врвни брендови.
Нашиот тим е тука да ви помогне да го пронајдете совршениот модел кој одговара на вашиот стил, потреби и комфор.
Во View Optic гордо застапуваме внимателно избрани брендови на очила кои се препознатливи по квалитет, иновација и модерен дизајн.
Нашата понуда вклучува светски реномирани производители на диоптриски и сончеви очила, со рамки и стакла што ги задоволуваат највисоките стандарди.
Меѓу брендовите што ќе ги најдете кај нас се:
Kappa, Dice, Bugos, ENA, Lykan, Botticelli, Morlin Bron, PICO, Toms Teddy, Reacher и многу други.